Експлозија на Менхетен, евакуирани неколку станици од метрото

Утрово во централниот ден на Менхетн одекнала силна експлозија, по што едно лице е приведено. Во моментов нема информации за повредени, ниту, пак, е утврдена причината за експлозијата.

 

Неофицијално, според првичните нинформации се работело за обид за терористички напад, а напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело. Очевидци велат дека станува збор за маж на 20-годишна возраст.

 

Експлозијата се случила меѓу 42 улица и 8 авенија, а некои линии од подземната железница веднаш биле евакуирани. Согласно со првичните извештаи, властите појаснија дека била наредена итна евакуација на метро-станиците кои се наоѓаат во близина.

 

„Полицијата во Њујорк се отповика на сигнал за експлозија од непознато потекло на 42. и 8. авенија во Менхетен. А, Ц и Е линиите на метрото беа евакуирани“, стои во соопштението на полицијата, објавено на официјалниот профил на социјалната мрежа „Твитер “.

 

“NY Post” пренесува дека бомбашот самоубиец ја детонирал експлозијата, но таа се активирала погрешно. Тој бил веднаш бил одведен во притвор, откако ја поставил импровизираната експлозивна направа во подземниот ходник кој што води до линиите “N, Q и R”.

 

Очевидец вели дека слушнал две експлозии.

 

„Од она што го слушнав, изгледаше како да доаѓа од подземната железница, но само претпоставувам. Имаше две одделни експлозии. Насекаде имаше полиција. Беше многу чудно, хаотично, но не видов повредени”, раскажува очевидецот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien