Нимиц: Не постои магичен предлог, спорот може да се реши идната година

Facebook
Twitter
Email
Print

Медијаторот на Обединетите Нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц по денешните разговори во Брисел со преставниците, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис изјави дека и во Скопје и во Атина постојат индикации дека би требало да се направат интензивни напори за да се реши ова прашање.

 

„Имавме двочасовни разговори околу прашањето за името. Ова доаѓа по три години и атмосферата е многу подобра. Првиот состанок беше да ги поставиме уште еднаш позициите на страните. Јас не дадов никакви предлози, но се обидувам да ги олеснувам разговорите меѓу двете страни. Двете страни се добро подготвени и ги артикулираа нивните позиции. Тие покажаа добра воља да ја слушнат другата страна и да ги разберат нивните позиции и да размислат за можните решенија со кои ќе се реши прашањето“, изјави Нимиц по средбата.

 

Посредникот Нимиц по средбата изјави дека прашањето за името може да биде решено следната година.

 

„Ние сакаме прашањето да се реши следната година и ќе направиме напори да го постигнеме тоа. На ова прашање работиме веќе 20 години. Се разбира постојат тешки прашања и за двете страни и по толку многу години, не мислам дека постои магичен предлог за името. Неопходно е да се пронајде решение со помош на политичка волја и дипломатија“, рече Нимиц и потврди дека денеска не дал нов предлог за името.

 

Нимиц во изјавата додаде дека ќе има обиди за средби секој месец, во Јануари, Февруари, Март, со цел да има напредок во процесот, а како што кажа тоа било побарано од самите претставници. Тоа, вели Нимиц се надева дека ќе доведе до решение на спорот.

 

Претходно од Приштина се огласи премиерот Зоран заев, кој одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Македонија и Грција не се стигнати дотаму да разговараат за некои нови имиња и додаде дека деновиве ќе се разговара за потврда на желбата на двете страни суштествено да навлезат во решавање на проблемот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи