Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во целосен прекин

 

Товарниот и патниот железнички сообраќај се во целосен прекин. Протестот ќе трае сè до исплонувањето на барањата- да се исплати вториот дел за октомвриската плата, но и ноемвриската, најдоцна до 25-ти декември.

 

Прекинот на патничкиот сообраќај почна од ноќеска на полноќ. Вработените велат дека од Владата им била најавена средба, но претходно да биде нормализиран сообраќајот, што според нив не било прифатливо и додаваат дека не се организирани од синдикалните организации и дека засега немаат назначено претставник за официјални изјави.

 

Нема информација до кога возовите нема да сообраќаат и дали барањето на вработените ќе биде исполнето, што е услов за прекин на штрајкот. Од менаџментот на компанијата велат дека работат на што поскоро нормализирање на ситуацијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.