Со претставата „La Linea“ гимназијата „Мирче Ацев“ ќе учествува на фестивалот во „Болоња“

Со претставата „La Linea“ работена по текст и режија на професорот Маринко Шлакески, гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп во мај ќе се претстави на театарскиот фестивал во Болоња, Италија. Премиерата на претставата се одржа овој викенд во народниот театар „Војдан Чернодрински“ и таа предивика огромни овации и восхитување кај публиката.

 

 

„Поводот за поставувањето на оваа претстава е поканата од Италија да учествуваме на театарски фестивал кој во месец мај ќе се одржи во градот Болоња. Сметав дека можеме учествуваме на тој фестивал, дека ги исполнуваме критериумите, конкуриравме и на мое големо задоволство ме известија дека сме примени. Во претставата учествуваат тројца актери, јас сум режисер, а ми помагаат и некои мои колеги, кореографијата ја работи професорот по спорт Орде Цветаноски, техничкиот дел околу осветлување е поддршка на професорот Никола Богданоски, јас ја работам исто така музиката во претставата и текстот за музиката. Јас ја свирам музиката на гитара, а ја исполнува Ангела Зероска“, вели професорот Маринко Шлакески, режисер и автор на претставата.

 

Маринко Шлакески, режисер и автор на претставата

 

Шлакески вели дека претставата е психолошка драма, која се случува во една постапокалиптична ситуација каде две единки се најдуваат и се обидуваат да се зближат, но проблемот е неможноста да ја преминат линијата која што ги двои, која пак е метафора на некои прашања кои се отвораат.

 

„Досега имам работено повеќе претстави на странски јазици и ова не е нешто ново за мене. Сум поставувал претстави на грчки, германски, француски, италијански јазик, а претставите добивале и меѓународни награди. Освен со ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ претставите биле работени и со професионални продукции надвор од Македонија. Исто и со оваа претстава се надевам дека ќе постигнеме голем успех на фестивалот во Болоња“, додава Шлакески.

 

 

Од гимназијата „Мирче Ацев“ велат дека целосно застанале зад проектот на професорот Маринко Шлакески во однос на обезбедување на сите услови потребни за да се реализира претставата.

 

„Радосни сме што учениците од нашата гимназија имаат можност да учествуваат еден такоб реномиран фестивал како што е фестивалот во Болоња. Ретко се случува дури и професионални македонски театри да учествуваат на еден ваков фестивал. Се што е понатаму во однос на подобрување на условите за изведување на претставата и за достојна презентација во Болоња ние како гимназија сме целосни подготвени да излеземе во пресрет“, изјави Диме Настески, директор на гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

Диме Настески, директор на гимназија „Мирче Ацев“

 

Поради големиот интерес на публиката од гимназијата се надеваат дека до мај претставата ќе биде изведена уште неколку пати.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи