Три нови оставки од ДИК, се чекаат уште оставките на Бонева, Срцев и Асани Салија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Потпретседателот на ДИК Реџеп Прекопуца и членот на ДИК Атанас Урумов попладнево поднеле барање за предвремен престанок на мандатот, потврдија од Комисијата.

 

По вчерашните оставки на претседателот Александар Чичаковски, и членовите на ДИК предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, денес оставка исто така поднесе и членот кандидиран од ДУИ, Субхи Јакупи.

 

На функција остануваат уште членот на БЕСА, Ермира Асани Салија, и двајцата членови предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашко Срцев. Бонева и Срцев веќе најавиле и се очекува во текот на денот и тие да поднесат оставки. Засега нема најава од Асани Салија дали ќе поднесе оставка, која претходно најави дека ќе ги замрзне средствата од бонусот.

 

Оставките следуваат откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК си поделиле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи