Каталонците го избраа наследникот на Маскерано

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако Хавиер Маскерано најави дека сака да ја напушти Барселона за да има поголема минутажа пред Мудијалот, клубот се одлучи да му ја исполни желбата. Поради тоа јасно беше дека на Каталонците ќе им треба нов стопер.

 

Фаворит е 23-годишниот Колумбиец Јери Мина од Палмеирас кој има преддоговор со Барса и може да дојде за 9 милиони евра во јануари. Се очекува Барса да добие иста сума за Маскерано, со што не го нарушува буџетот за трансфери. Станува збор за робусен централен дефанзивец кој е еден од најдобрите во Бразил, играч кој каталонците долго време го пратат.

 

Овој трансфер требаше да се реализира следното лето, но сега работите според шпанските медиуми ќе се забрзаат и Мина во јанаури ќе слета на „Камп Ноу“.

 

И тренерот Ернесто Валверде дал зелено светло, па ако Мина навистина дојде тој на почетокот ќе биде четрвта опција, Умтити и Пике ќе бидат стартери, Вермален поради искуството ќе биде прва замена, па Мина ќе има доволно простор и време да се прилагоди на новата средина.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи