Арнаудовска: Советот за реформи во правосудството работи нетранспарентно

И покрај пораките дека новата Влада ќе биде транспарентна, Советот за реформи во правосудството работи многу нетранспарентно, изјави директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска пред почетокот на денешната работилница за „Стандардите на ЕУ за почетна обука на судии и јавни обвинители“, наведувајќи дека Академијата воопшто не била вклучена во Нацрт стратегијата за реформи во судството.

 

„Во Нацртот на стратегијата се почна со еден многу дискредитирачки вокабулар за Академијата дека произведува неспособни кадри, дека има незадоволителни резултат во работењето. Но по нашите забелешки до Европската комисија овој вокабулар беше отстранет,“ рече Арнаудова.

 

Таа посочи дека во Нацрт стратегијата било предвидено одреден процент од судиите да бидат избрани со незавршена Академија, истакнувајќи дека тоа не било прифатено во извештајот на Прибе од 14 септември кога е донесена новата Стратегија.

 

Според неа, останува сомнението што ќе биде со изборот на судиите и дали ќе остане процентот што беше заговаран во стратегијата за реформи, бидејќи, како што рече, минатата недела во Брисел претставник од Министерството за правда изјавил дека се подготвуваат измени во Законот за судови, а дека процентот за избор на академци и луѓе надвор од Академијата ќе биде 60 наспрема 40.

 

На дводневната работилница која е е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на ЕУ, учествуваат судии, јавни обвинители, претставници од релевантни институции од Македонија, како и од правосудните академии од Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien