Нов земјотрес во Иран, над 50 повредени

Ирански медиуми јавија денеска дека утрово е почувствуван уште еден земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала.

 

Погоден е јужниот дел од државата и притоа се повредени 58 луѓе. Епицентарот на земјотресот е 63 километри северно од градот Кермен, кој брои 600 илјади луѓе и кој се наоѓа на околу 700 километри од Техеран. Земјотресот бил на длабочина од 10 км . Подоцна се регистрирани уште неколку последователни потреси.

 

Во неколку населби во источната провинција Кермен, водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија се прекинати, а низ целиот регион се затворени училиштата и универзитетите. Најтешко е погодено селото Хаџак.

 

 

Во вторникот исто имаше земјотрес во истоимената провинција, со магнитуда од 5,7, каде настрадаа 18 лица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien