Претседателот Иванов ја отвори македонската Амбасада во Бразил

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја отвори македонската Амбасада во Бразил, што претставува прва македонска Амбасада во Латинска Америка.

 

„Отворањето на македонската Амбасада во Бразил е почеток на ново пријателство и соработка меѓу двете земји“, порача Иванов на свеченото отворање на Амбасадата во Бразилија.

 

Изразувајќи надеж дека и Бразил ќе отвори своја амбасада во Македонија, претседателот Иванов оцени дека визната либерализација меѓу двете земји претставува дополнителен поттик за унапредување на севкупната соработка, особено во сферата на туризмот.

 

Македонскиот амбасадор Ивица Боцевски истакна дека Република Македонија во Бразил гледа свој партнер во глобалната економска, технолошка, научна и дигитална трка.

 

„Централен дел на работата на оваа Амбасада ќе биде борбата за привлекување странски инвестиции во Македонија, посебно на најглобализираните и технолошки водечките бразилски брендови“, порача амбасадорот Боцевски.

 

Присутните ги поздрави и в.д. министерот за надворешни работи на Бразил, Маркос Галвао.

 

„Во овој период го видовме стапувањето на сила на договорот за визна либерализација, кој е темелен за зближување на нашите народи затоа што веќе ги олеснува посетите помеѓу двете земји“, истакна Галвао

 

На свеченоста на отворањето на македонската Амбасада во Бразилија присуствуваа личности од политичкиот и општествениот живот на Бразил, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници од македонската дијаспора.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien