ВИДЕО – Пол Погба со порака до Јане: Ти благодарам за позитивната енергија, се гледаме во Манчестер!

Приказната за малиот Јане Велковски го обиколи светот, откако малото момче од Скопје, чија животна желба е да заигра фудбал, се прослави имитирајќи го својот идол Кристијано Роналдо на еден постер во чест на Суперкупот на Европа, по што стана и дел од кампањата на УЕФА за еднаква игра.

 

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба денес упати видео порака до малиот Јане Велковски од Македонија, кој боледува од спинална мускулна атрофија. Погба му испрати подарок дрес на Јане и го покани да дојде во Манчестер да го следи натпреварот меѓу Јунајтед и Севиља во Лигата на шампионите, притоа упатувајќи емотивна порака до малиот херој.

 

„Здраво Јане, се надевам дека си добар. Ти благодарам за позитивната енергија која ми ја даваш и би сакал да те поканам во Манчестер на натпревар на Јунајтед, се гледаме наскоро“, рече Погба.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.