Дводневен самит на лидерите на ЕУ во Брисел

Во Брисел почнува дводневен самит на лидерите на државите членки на Европската унија  посветен на прашања за безбедноста и одбраната, соработката на ЕУ и НАТО, миграцијата, економската и монетарна политика и Брегзит.

 

На првиот ден од самитот, 28 шефови на држави и влади на ЕУ ќе разговараат за јакнењето на заедничката одбранбена соработка, вклучувајќи го и механизмот „трајна структурна соработка“.

 

Во рамки на разговорите за безбедносната соработка се очекува на европските лидери да им се придружи и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а предвидено е и да се разгледа ситуацијата во областа на миграциите како и идната политика на Европската унија.

 

Веќе е усвоена листа од 17 иницијални проекти кои ќе ги подобрат оперативните способности на блокот.

 

Утре лидерите на земјите членки ќе ја разгледуваат моменталната економска ситуација во Еврозоната и јакнењето на економската и монетарната унија.

 

На крајот од дводневниот самит, шефовите на државите и на владите членки на ЕУ би требало да донесат одлука за тоа дали е постигнат доволен напредок за досегашната прва фаза на преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ и да почне втората фаза која ќе се однесува на можен транзициски период и рамките за идните односи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien