Роналдињо ја менува кариерата – од фудбалер станува политичар

Роналдињо веќе неколку години е пензиониран фудбалер, но и натаму можеме да го видиме на фудбалските терени само на хуманитарни и егзибициски натпревари.

 

Во последно време стана вистински „глоубтротер“, но се чини дека има многу поинакви планови во иднина. Бразилските медиуми пишуваат дека поранешниот освојувач на „Златната топка“ ќе се кандидира за место во бразилскиот Сенат.

 

Роналдињо ќе биде дел од партијата „Патриота“ и ќе ја претставува држата Минас Гераис. Сепак неговата кандидатура не е сигурна, бидејќи таа зависи дали Жаир Болсонаро ќе ја добие претседателската трка во партијата.

 

Бразилецот сакаше да ја објави кандидатурата уште викендов на хуманитарниот натпревар кој го организираше во државата Минеиро, меѓутоа фудбалерот ја одлучи официјализацијата на кандидатурата за следната недела.

 

Доколку се случи Роналдињо навистина да биде кандидат тогаш тој ќе учествува на изборите во октомври 2018 година. Ова не би било прв пат бразилска фудбалска ѕвезда да влезе во политичките води, бидејќи претходно истото го направи и Ромарио, кој доби најмногу гласови во историјата претставувајќи ја државата Рио де Жанеиро.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien