Свечено доделени дипломите на Економскиот факултет во Прилеп

„Новата генерација дипломци и магистри треба да го даде својот придонес во развојот на прилепското стопанство“, ова беше главната порака на денешната свеченост на Економскиот факултет каде на пригодна свеченост им беа врачени дипломи за завршено образование на 190 дипломирани економисти и на 49 идни магистри. Присутните ги поздрави Ѓорѓи Манчески, декан на Економскиот факултет.

 

„Привилегија и задоволство е да се има можност, да се обрати човек во вака значајни моменти, вредни за паметење. Верувам дека низ времето поминато на овој факултет бевте дел од инспиративни предавања, плодни дискусии, бевте дел од академскиот живот на оваа институција, којашто во изминатите 57 години даде огромен придонес во образованието“, истакна Манчески.

 

 

На свеченоста присуствуваше градоначалникот, Илија Јованоски, кој во своето обраќање им го честиташе постигнатиот успех на дипломците и магистрите, посакувајќи им натамошни успеси.

 

„Мојата главна заложба е вашиот конечен избор да биде секогаш Прилеп, секогаш Македонија. А, јас како градоначланик ќе се потрудам да се создадат можности за идни вработувања. Верувам дека тоа ќе се случи, со подобрување на економските услови за живот, со издигнување на процесот на образование“, порача градоначалникот Јованоски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien