Донев: Парите сè уште не се вратени, но ќе бидат донирани

Facebook
Twitter
Email
Print

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев, вели дека нема законска можност да ги врати во буџет парите кои тој рече дека ќе ги плати од свој џеб откако во јавноста беше обелоденето дека до Буенос Аирес, Аргентина, летал со бизнис-класа, по цена од околу 4000 евра.

 

Донев, кој претходно вети дека ќе ја надомести разликата во цената од бизнис до економска класа, за „Макфакс“ вели дека не се премислил за парите, ќе ги донира и за тоа дополнително ќе ја информира јавноста.

 

„Во договор и во соработка со Mинистерството за труд и социјала знам дека се работи на соба за деца со посебни потреби, па парите ќе бидат донирани за таа намена, но кога ќе се случи тоа, јавноста ќе биде информирана“, изјави Донев.

 

Името на директорот на Aгенцијата за туризам деновиве повторно е cel на критики во медиумите, дека потрошил 7000 евра за патување во Албанија. Тој ги демантира информациите и вели дека во Тирана бил службено на конференција, каде за едно ноќевање во хотел платил 50 евра.

 

„Вистината е дека во Тирана не бев за авантура туку на покана на премиерот на Албанија и mинистерот за туризам и присуствував на конференцијата за авантуриsтички туризам каде штo имав излагање на тема „Потенцијалите на авантуристичкиот туризам на Балканот и регионалната соработка”. По работниот ден завршен тука со автомобил стигнав во Тирана доцна вечерта. На брзина вечерав паста во едно мало место веднаш до хотелот во кој за едното ноќевање платив точно 50 евра. Наредниот ден беше конференцијата и веднаш по завршувањето се вратив во Скопје“, вели Донев.

 

Како пример за функционери кои трошеле нерационaлно и нетранспарентно, беа посочени и членовите на Државната изборна комисија. Тие под силен притисок на јавноста поднесоа оставки, а дел од нив, меѓу кои претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ги донираа парите, додека дел од членовите одлучија да ги вратат парите во државниот буџет. Оставките во ДИК следуваа откако американскиот амбасадор Џес Бејли ги посочи како пример за корупција затоа што зад затворени врати си поделиле дополнителен надомест во износ од четири плати за ангажманот околу последните локални избори, односно вкупно 12 плати бонус за изминатите 18 месеци.

 

Извор: Макфакс

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи