Драматична снимка: Маскиран израелски агент уапси Палестинец, па го впери пиштолот во новинарските екипи

Facebook
Twitter
Email
Print

После одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, на Блискот исток ситуацијата е тензична и избија бројни судири во Израел, Западниот брег и појасот Газа.

 

Израел денес го затвори граничниот премин со појасот Газа како одговор на секојдневните ракетни напади од таа енклава, после минатонеделната одлука на американскиот претседател да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

 

Израелските авиони нападнаа три позиции на Хамас, милитантна група која што го контролира појасот Газа, само еден ден подоца после ракетните напади на територијата на Израел, соопштија од израелската армија.

 

Од израелската армија открија дека целта на нападите на военото воздухопловство биле кампови за обука и магацини со оружје. Двете ракети лансирани од појасот Газа биле успешно пресретнати од напредниот израелски ПВО систем “Iron Dome”, а третата паднала на ненаселено подрачје.

 

Деновиве, во екот на тензиите во Израел објавено е драматично видео од судирите на палестинските демонстранти и израелските војници на северниот влез во Рамалах. На видеото може да се види дека меѓу демонстрантите има инфилтрирано израелски агенти, кои што во еден момент започнаа да апсат.

 

 

 

Снимката наводно прикажува маскиран израелски агент кој што соборил на земја исто така маскиран палестински демонстрант, го удри неколку пати и потоа го однесе во притвор. Може да се види како демонстрантот стои покрај патот, а од зад грб му доаѓа израелскиот агент.

 

Палестинецот не дава отпор, туку само покажува два прста пред новинарските екипи. Во тој момент шалот паѓа од главата на израелскиот агент, тој се обидува да го намести и потоа го вперува пишолот кон новинарските екипи. Набрзо го подига уапсениот од земјата, а во позадина може да се видат најмалку уште двајца луѓе кои што се уапсени од маскирани агенти.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи