ВИДЕО : Започна филмскиот фестивал „Winter apricots“ во Прилеп

Вечерва во киното Мис Стон во Прилеп започна вториот по ред интернационален фестивал на краткиот филм „Winter apricots“. Според организаторите целта на фестивалот била тој да прерасне во културен настан кој ќе им понуди малку поинаков фестивал на љубителите на филмот. Идејата била да се создаде еден посебен момент кој ќе биде посветен на уметноста. Пред публиката вечерва беа прикажани 5 филмови од 10 финалисти.

 

 

„Оваа година беа пријавени над 3.400 апликации, од 109 земји во светот, од 5 континенти. Во рамките на официјалната селекција ќе се натпреваруваат 10 филмови од 7 различни земји од светот. Ни беше потребно околу 2 месеци да ги прегледаме сите тие над 3.400 филмови и од нив да одбереме 10 финалисти. За жал од Македонија беа пријавени само 5-6 филмови, но сепак имаме финалист. Утре ќе биде прикажан филмот „Борба за смрт“ од Елеонора Венинова.

 

Фестивалот ќе има и богата неофицијална програма, која вклучува 4 долгометражни филмови, кратки филмови, но и концерти и работилници.

 

Утре исто со почеток во 20 часот ќе бидат прикажани наредните 5 финалисти.

 

Влезот за публиката е слободен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.