Лавров: Военото сценарио за Северна Кореа би предизвикало катастрофа

Обидите да се испровоцира воено сценарио за да реши кризата на Корејскиот полуостров ќе доведе до катастрофа, предупреди шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

 

„Ситуацијата околу Корејскиот полуостров е особено алармантна. Обидите да се испровоцира воено сценарио во надеж дека кризата ќе се реши со сила ќе доведе до катастрофа“, рече Лавров во рускиот Совет на Федерацијата.

 

Тој нагласи дека разговорите и постепеното попуштање на тензијата немаат алтернатива.

 

Тој исто така предупреди дека пропаѓањето на договорот за иранската нуклеарна програма би испратил погрешен сигнал на оние кои се надеваат на решавање на проблемите со Северна Кореја.

 

Ситуацијата на Корејскиот полуостров е напната. Пјонгјанг продолжува да развива нуклеарна програма, а Сеул и Вашингтон одржуваат заеднички воени вежби.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien