Специјалното јавно обвинителство врши претрес во домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска и на екс генералниот секретар во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.
Божиновски и Канческа Милевска се осоминчени во предмети на Специјалното јавно обвинителство. Божиновски е еден од обвинетите во случајот „Титаник“ на СЈО. Се товари за Злосторничко здружување и Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.
Од СЈО бараа на Божиновски да му се одреди притвор, поради опасност од бегство и влијание на сведоци, но судот го одби ова барање и само му го одзеде пасошот. Канческа-Милевска е обвинета во случајот „Тендери“.
Засега е непознато дали покрај претресите е издадена наредба за приведување на Божиновски и на Канческа-Милевска, и дали претресите се извршени за нова предистражна постапка или за случај што веќе е во тек.