Џејмс го стигна Бирд: Ѕвездата на Кливленд со 59 трипл-дабл во кариерата

Леброн Џејмс го запиша 59. трипл-дабл во кариерата со кој го предводеше Кливленд до триумф против Лос Анџелес Лејкерс со 121:112. Ѕвездата на кавалирси го заврши мечот со 25 поени и по 12 скока и асистенции за израмнување со Лери Бирд шестото место на вечната листа на трипл-дабл ефекти во НБА лигата.

 

Кевин Лав додаде 28 коша во 16. победа на Кливенд во 17 меча во оваа сезона. Прв стрелец кај „езерџиите“ беше Брендон Инграм со 26 поени, Лонзо Бол оствари учинок од 13 коша и 10 додавања.

 

Голден Стејт немаа проблеми во дуелот со Далас. „Вориорси“, кои играа без Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Заза Пачулија, славеа со 112:97, а нивни лидер притоа беше Кевин Дурент со 36 поени, 11 скока и седум асистенции. Новицки беше најзабележителен во поразената екипа со 18 коша и седум скока.

 

НБА лига

 

Атланта – Детроит 91:105

Бруклин – Њујорк 104:111

Кливленд – Л.А. Лејкерс 121:112

Минесота – Сакраменто 119:96

Голден Стејт – Далас 112:97

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien