ВИДЕО – Нешкоски : Во февруари започнува со работа првото приватно музичко училиште во Прилеп – „Matrix“

Наскоро Прилеп ќе до добие „Matrix“ – првото приватно музичко училиште во кое ќе се изучува : гитара, бас гитара, тапани, клавијатури, соло пеење и саксафон.

 

Целта на ова училиште, кое е единствено од ваков тип во Македонија, со исклучок на Скопје, била создавање на поедуцирани и попродуктивни музички кадри.

 

Професори ќе бидат :

 

Давид Нешкоски – Проф. по гитара
Филип Јездиќ – Проф. по тапани
Дејан Трајкоски – Проф. по клавир
Денис Димоски – Проф. по соло пеење
Кире Гаралоски – Проф. по бас гитара

Наскоро ќе се објавел и професор по саксафон.

 

 

Околу отворањето на училиштето поразговаравме со еден од неговите креатори, Давид Нешкоски. Нешкоски вели дека музичкото училиште ќе започнело со работа во февруари, а до тогаш ќе траел периодот на уписи. Ќе се изучувале популарни жанрови, како поп, рок и други, а учениците ќе имале можност да научат и како е да се свири во бенд.

 

Разликата помеѓу приватното музичко училиште и државното основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ била тоа што во „Matrix“ ќе се изувала музика која е популарна, која е хит на радијата во овој момент и која луѓето сакаат да ја слушаат.

 

Часовите ќе се изведувале 2 пати во текот на неделата. Еден час ќе траел 60 минути, а групите ќе биле составени од по 4 ученици.

 

Почетниот курс ќе траел една година, а напреднииот две години.

 

Повеќе околу ова ново приватно музичко училиште погледнете во разговорот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.