Смртта на Абу Тураја, нов симбол на протестите: Убиството на Палестинецот без нозе мотив за трета „интифада“

Убиството на Ибрахим Абу Тураја, палестински активист кој бил во количка, инвалид, без две нозе, во текот на вчерашните судири меѓу Палестинците со израелските војници на границата со појасот Газа, станало најнов симбол на палестинскиот гнев против Израел.

 

Абу Турајех (29) застрелан е на истокот на Газа, а еден е од четворицата убиени Палестинци кои протестираа против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како престолнина на Израел, соопшти палестинското министерство за здравство.

 

Абу Тураја ги изгубил двете нозе во текот на израелските воени операции во појасот Газа во 2008. година.

 

„Повреден е во 2008 година во напад на израелски хеликоптери, кои го целеа затоа што го турна израелското знаме и го подигна палестинското на граница. Тоа не го спречи да протестира за Ерусалим. Секој ден одеше сам до граница“, вели неговиот брат Самир.

 

Инвалидот Абу Тураја бил познат во Газа по својот активизам. Локалните медиуми наведуваат дека се качувал на бандери со палестинско знаме во текот на протестите, додека се спротивставувал на окупацијата.

 


На социјалните мрежи владее огорченост поради неговата смрт. Корисниците на социјалните мрежи повторуваат дека израелската војска го убила, иако не бил вооружен и не претставувал закана.

 

Новинарот Насер Ата од Ерусалим објавил на Твитер дека можело да се очекува смртта на инвалидот од Газа да “биде почеток на трета интифада” – востание против израелската окупација.

 

Израелската војска соопштила дека истражува што се случило.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien