Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање Ставре Јада од Крушево, денеска на трката што се одржа во Словачка, во Штрпско Плесо, во конкуренција од 51 натпреварувач го освои 9-тото место во сениорска конкуренција, додека во јуниорите беше втор.
Со овие бодови 19 годишниот Јада ја освои А олимписката норма за олимписките игри кои во 2018 година ќе се одржат во Пјеонгчанг, Јужна Кореја.
Екипата на Инфо Компас му го честита овој голем успех на Ставре Јада и му посакува на идната година да ја претставува Македонија на Олимпијадата.
Ставре Јада