ВИДЕО – Меркел : Мултикултурализмот е измама

Facebook
Twitter
Email
Print

„Мултикултурализмот води кон паралелни општества и затоа останува „животна лага“, или измама“, изјави канцеларката на германија Ангела Меркел во говорот на конвенцијата на својата Христијанско-демократска унија.

 

 

Иако за дел од јавноста ова може да изгледа како изјава некарактеристична за Меркел, таа всушност само го повтори својот став од 2010 година, кога мултикултурализмот го нарече „целосен неуспех“.

 

Поради овој свој став таа доби големи овации и аплаузи поради политиката кон бегалците.

 

„Нормално, постои склоност да се каже „ајде да го усвоиме концептот на мултикултурност и да живееме среќно едни покрај други и да бидеме среќни што живееме едни покрај други“. Но тој концепт пропадна, тој пропадна целосно“, изјави Меркел пред пет години.

 

Нејзиното повторување на овој став во понеделникот беше насочено кон оние членови на партијата што се сѐ позагрижени поради постојаниот прилив на бегалци.

 

Меркел по најновото отфрлање на мултикултурализмот истакна дека дојденците треба да се асимилираат, да ги прифатат германските вредности и да ги почитуваат германските закони.

 

Таа објасни дека за неа создавањето на изолирани општества во Германија претставува неуспех во интеграцијата на емигрантите. Нејзината официјална политика треба да спречи создавање предградија во кои емигрантите се изолирани под остатокот од општеството, како што тоа е случај со делови од Париз или бриселскиот кварт Моленбек.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи