Почина Иван Карадак – авторот на „Хихирику“

Почина таткото на модерната македонска сатира, Иван Карадак, кој на јавноста и беше познат како автор на емисијата „Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

 

Беше автор и на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко”, „Хумористична партија “, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче” и многу други.

 

Беше автор и на неколку книги: афоризмите „Коприварник”, сатиричните песни „Талкач по душата “, сатиричните песни „Записи врз водата”, куси сценарија „Лајач на месечина” и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки “.

 

Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпатa“, познатите „Камчевци”, „Алф од Ново Лисиче “, „Ало Ало “, „Агенција осамени срца”, „Балканбенд ” и други.

 

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.

 

Последниот поздрав со Карадак ќе биде денеска, во 12 часот, во Капелата на гробиштата во Бутел.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien