“Star Wars: The Last Jedi” заработи 450 милиони долари во првиот викенд на прикажување

“The Last Jedi”, осмиот филм во филмскиот серијал “Star Wars” заработи 450 милиони долари во првиот викенд на прикажување, пишува “CNN”.

 

Податокот од 220 милиони долари  заработени само во Соединетите Американски Држави, значи дека „The Last Jedi“ е вториот најпрофитабилен филм во историјата на оваа земја. Рекордот сè уште го држи “Star Wars: The Force Awakens” од 2015 година.

 

Од друга страна, филмот во остатокот од светот заработи 450 милиони долари, но треба да се има предвид дека прикажувањето надвор од рамките на САД започна минатата среда. Интересен е фактот што филмот сè уште не започнал да се прикажува во Кина, каде премиерата е закажана за 5-ти јануари.

 

Филмот засега доби одлични оценки и критики. “The Last Jedi” е во режија на Рајан Џонсон, а тој го потпишува и сценариото. Улогите ги толкуваат Марк Хамил, Кери Фишер, Адам Драјвер, Дејзи Ридли, Џон Бојега, Оскар Исак, Енди Серкис и други.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien