За седум години Турција донирала помош од 21 милјарда долари во 170 држави

Во изминатите седум години Турција донирала 21 милијарда долари за развојни проекти во вкупно 170 земји од целиот свет.

 

Според турската Агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), најголема формална помош за развој Турција донирала во Сирија.

 

Во Сирија се донирани 62 отсто од вкупната турска помош, додека, меѓу другите, 9,54 проценти од помошта е доделна на африкански земји, а 4,3 проценти на балканските држави.

 

Десет земји минатата година добиле највисоката помош за развој од Турција и тоа Сирија, Сомалија, палестинските територии, Авганистан, Босна и Херцеговина, Киргистан, Македонија, Казахстан, Азербејџан и Нигер.

 

Во периодот 2010-2016. Турција, исто така, доставила помош во вредност од 454 милиони долари за Египет, 212 милиони во Тунис и 167 милиони во Ирак.

 

Турција минатата година донира 203 милиони на агенциите за регионален развој, 35 милиони долари на Обединетите нации и 12 милиони во Светската банка и други сектори.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien