Најновиот и најскап носач на авиони на британската Кралска морнарица мора на поправка

Најголемиот британски воен брод, носачот на авиони „ХМС Елизабета Прва“, пропушта вода и ќе мора на ремонт, соопшти британското Министерство за одбрана.

 

Воениот брод долг 280 метри, тежок 65.000 тони и вреден 4,2 милијарди долари, е претставуван како најсофистициран британски воен брод во историјата.

 

Изградбата на бродот траеше осум години и тој заплови на почетокот на овој месец, а британската кралица Елизабета беше присутна на официјалното пуштање на носачот на авиони.

 

Весникот Сан објави дека 280-метарскиот воен брод пропушта 200 литри вода секој час и дополнителните поправки ќе чинат милиони фунти. Министерот за одбрана Гавин Вилијамс рече дека поправката ќе ја плати компанијата ангажирана за конструкцијата на бродот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien