Швајцарија ја доби најстрмната жичарница на светот

Пред неколку дена, во Швајцарија е пуштена во работа најстрмната жичарница во светот, која превезува патници од Швиц до алпското село Стус.

 

Нејзините лифтови се состојат од специјално конструирани цилиндрични вагони кои им овозможуваат на патниците да останат во исправена положба додека се возат. Исто така, висината на подот може да се прилагоди со цел да се адаптира на растот на патниците.

 

Пругата за искачување се протега во должина од 750 метри, а најголемата стрмнина на пругата изнесува речиси 111 проценти. Секој превоз може да носи до 34 лица со брзина од 10 метри во секунда.

 

 

Изградбата на т.н. „Стоус бан“ траела цели 14 години, односно две години подолго од планираното. Трошоците за градење изнесувале 52 милиони швајцарски франци. Портпаролот на железницата, Иван Штајнер, рече дека сите се горди на завршувањето на проектот. Тој додаде дека патувањето по најстрмната пруга на светот трае само четири минути.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien