Асенсио: Ако го доведете Азар, јас си заминувам!

Facebook
Twitter
Email
Print

Наводно Еден Азар веќе е во преговори со Реал Мадрид, тоа ѝ е познато на јавноста, а познато им е и на самите фудбалери на „Бернабеу“.

 

Белгиецот веќе неколку сезони игра одлично во Премиер лигата, постигнува голови и им задава големи главоболки на противничките одбрани и „кралевите“ секако дека би сакале да имаат таков фудбалер во своите редови.

 

Сепак, за да стигне до тој потпис Реал ќе мора добро да се намачи, бидејќи Челси нема така лесно да се откаже од овој фудбалер, иако шпанските медиуми пренесуваат дека Азар е во сериозни преговори со европскиот шампион.

 

Одредени медиуми пишуваат дека Белгиецот преговара со Реал Мадрид, но и дека ова налутило еден фудбалер на овој тим. Станува збор за младиот фудбалер Марко Асенсио (21),  кој дури наводно и ја известил управата дека сака да замине доколку во клубот пристигне Еден Азар.

 

Младиот Шпанец сака поголема минутажа, а разбирливо доколку дојде Белгиецот во Мадрид, Асенсио повторно би бил во втор план.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи