Јанева: По истекот на мандатот СЈО да влезе во редовното Обвинителство

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалната обвинителка, Катица Јанева денеска побара да се изнајде решение за СЈО по истекот на мандатот во 2020 година да се инкорпорира во редовното обвинителство. 

„Се надеваме дека ќе бидат донесени соодветни законски решенија во 2020 година ова јавно обвинителство да се трансформира и да се припои кон Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција во постапување на делата од негова надлежност и гонење на кривични дела од корупција од висок профил“, рече Јанева

Информираше дека од Обвинителството за организиран криминал ги презеле случаите „Скопје 2014“, „Актор“ и случајот „Космос“.

„Би сакала да ја информирам јавноста дека во изминатиот период се превземени предистражните предмети од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за „Скопје 2014“, „Актор“ и за незаконска дивоградба за објектот „Космос“ и за се донесени решенија за воспоставување на наша надлежност и истите се припоени или се отворени нови предистражни постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство“, истакна Јанева.

Меѓу другото ја поздрави одлуката на Апелацсикиот суд во правниот поредок да ги враќа прислушуваните разговори кои претходно, Кривичен забрануваше да бидат дел од доказниот материјал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи