Во наредните 10 дена „Максам фајт“ го очекуваат силни меѓународни турнири

На 22 декември 18 годишниот прилепчанец, Христијан Тасески, член на Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“ од Прилеп ќе учествува на ММА на натпревар во Врање, Србија, во категорија до 70 кг. – „Gladiator Fajt Champion“.  Тоа ќе биде силен професионаелн натпревар со борци од регионот на ЈУ просторите.

 

Од клубот информираат дека ова ќе биде прва полупрофесионална борба на Тасески и проверка за претстојните натпревари во Хрватска и Германија.

 

 

На 29 декември пак во Урошевац, Косово, ќе се одржи турнир, во повеќе боречки вештини на кој што ќе учествуваат борци од повеќе држави како Косово, Албанија, Германија, Швајцарија, САД и Шведска. Македонија ќе ја претставува членот од Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“, Стефан Сталески, до 67 кг. кој ќе се бори со Арт Ложа од Косово.

 

 

Ќе има и борби и полупрофесионални борби и борби за светски титули. А интересно е тоа што на турнирот ќе се борат и американски војници од базата „Бондстил“ на Косово.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien