Масовна тепачка во мигрантски камп на Лезбос

Најмалку десет мигранти се повредени во тепачка во прифатен центар за мигранти на островот Лезбос, соопштија денеска властите.

 

Во судирите учествувале Арапи, Авганистанци и Ирачани, од кои некои запалиле шатори и друга опрема, а притоа не им дозволувале на пожарникарите да влезат во кампот за да го изгаснат огнот, фрлајќи со камења по нив.

 

Ситуацијата се смирила откако интервенирал полициски одред за справување со немири. Засега не е позната причината за судирот меѓу мигрантите.

 

Активистите за заштита на човековите права и властите на Лезбос веќе подолго предупредуваат на лошите услови во кампот за мигранти, кој веќе со месеци нема капацитет да ги задоволи потребите на стационираните.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien