Милвоки во драматичен финиш го совлада Кливленд, не помогнаа ни 39-те поени на Леброн

Вицешампионот доживеа пораз на гостувањето кај Милвоки. Домаќините во драматична и возбудлива завршница славеа над „Коњаницата” со 119:116.

 

Најзаслужен за тоа беше Јанис Антетокунмпо кој мечот го заврши со 27 кошови. Ерик Бледшо уфрли 26 поени за Милвоки, кој ја прекина серијата од пет порази од Кливленд, на кој пак ова му беше само втор пораз во последните 20 натпревари.

 

На Кавалирс не им помогна ниту одличниот Леброн Џејмс кој постигна 39 поени со 7 асистенции и  1 скок. Кевин Лав додаде 21 кош.

 

 

Слична вечер имаше Ентони Дејвис од Њу Орлеанс, со 37 поени и девет скока, но неговиот тим загуби кај Вашингтон со 106-116. Во третиот меч на вечерта Филаделфија дома беше изненадена од Сакраменто со 95-101, без Џоел Ембид во составот.

 

Резултати:

Филаделфија – Сакраменто 95:101
Вашингтон – Њу Орлеанс 116:106
Милвоки Бакс – Кливленд 119:116

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien