ОН ја прогласи Русија за окупаторска сила на Крим, за резолуцијата гласаше и Македонија

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која Русија е прогласена за „окупаторска сила“ на Крим и се осудува кршењето на човековите права на полуостровот.

 

За Резолуцијата, што ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање. Како што пренесува МИА, Македонија, САД и повеќето европски држави гласаа за Резолуцијата, додека меѓу оние кои се изјаснија против документот беа и Русија, Кина, Индија, Белорусија, Иран и Србија.

 

Со резолуцијата се осудува „привремената руска окупација на украинската територија Крим“.

 

Генералното собрание на ОН слична резолуција усвои и во декември 2016 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien