„Сан“ со неверојатна најава: Најдобриот играч на Челзи се сели на „Олд Трафорд“

Бомбастични најави пренесува англискиот дневен весник „Сан“ кој денеска објави дека најдобриот играч на Челзи, Еден Азар би можел да се пресели во редовите на лутиот ривал, Манчестер Јунајтед.

 

Како што пренесува медиумот, Жозе Мурињо е подготвен да направи нов рекорд трансфер на острофот со понудени 90 милиони фунти.  Со тоа доаѓаат проблеми за Реал кој го има Белгиецот на списокот за наредната година. Раководството на „црвените ѓаволи“ со многу самодоверба се обидува го „украде“ Азар од рацете на Реал. Нивната финансиска моќ им овозможува да се наддаваат со „кралевите“, но последната одлука останува на самиот играч.

 

Интересот на Мурињо за Азар се оценува како сензационален, со оглед на влошените нивни односи пред португалскиот тренер да добие отказ во Челзи.

 

Дека Азар е на излезните врати од Челзи тоа е веќе јасно, откако Белгиецот ја одби последната понуда од клубот за продолжување на договорот на уште четири сезони за 300 000 фунти неделно. Јунајтед пак, од друга страна се навикна да ја полни касата на актуелниот англиски шампион, oткако летово го купија Немања Матиќ за 35 милиони фунти, како и Хуан Мата пред три ипол сезони за истата сума.

 

Азар во Челзи стигна во 2012 година, а од тогаш во дресот на „Сините“ одигра 189 натпревари во кои постигна 62 погодоци, а во 2014 година со тимот од „Стемфорд Бриџ“ на чело со Мурињо ја освои англиската Премиер лига.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien