Трет по ред „Граѓански парламент“ во петок

Во петок во 14 часот, во големата сала на Општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски ќе го одржи третиот по ред „Граѓански парламент“ на кој ќе оствари средба со граѓаните, претставниците на урбаните заедници, НВО секторот и други граѓански здруженија.

 

На средбата граѓаните треба да ги дадат своите предлози и идеи пред донесувањето на буџетот за следната 2018 година кој треба да биде усвоен на наредната седница на Советот на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien