Фицо: Балканот повторно гори, потребна му е европска перспектива

По разговорот со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е важно на некои држави на Балканот да им се понуди европска перспектива.

 

„Балканот повторно гори, неопходна е европска перспектива. Во спротивно нервозата во регионот ќе продолжи да расте“, рече Фицо.

 

Словачката агенција ТАСР пренесува дека Фицо со Антонио Гутереш разговарал и за словачкиот проект чија цел е да се ограничи приливот на емигранти, кој е направен во соработка со други земји.

 

„Мора да продолжиме со проекти надвор од ЕУ и да го поместиме прашањето на емиграцијата во овие трети земји. Словачка е спремна да поддржи и одговорни проекти во ОН“, кажа Фицо.

 

Тој кажа и дека е многу важно Обединетите нации да бидат силни, бидејќи, како што забележа, ЕУ не е доволно силна да се ангажира околу некои прашања.

 

„ЕУ всушност не е присутна во Украина. А немаме влијание ни врз ситуацијата во Сирија“, кажа Фицо, истакнувајќи ја важноста на меѓународните организации како ОН во слични конфликти.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien