Џафери-Ручи: Македонија и Албанија да бидат дел од евроатлантските механизми

Facebook
Twitter
Email
Print

По покана од претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи, делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, е во официјална посета на Република Албанија.

 

Претседателот на Собранието беше дочекан со високи државни почести на аеродромот во Тирана, а првата средба на оваа официјална посета се оствари со домаќинот Ручи.

 

Албанија и Македонија треба да се приклучат на евроатлантските механизми, како интегрален дел од европската безбедност, оценија на денешната средба претседателите не македонското и албанското Собрание Талат Џафери и Грамоз Ручи.

 

На средбата што се одржа во рамки на тридневната посета на претседателот на македонскиот Парламент Талат Џафери во Албанија, се потврди поддршката на Албанија за евроатланската интеграција на Македонија. Се разговарало и за проширување на соработката меѓу двете земји, како и за реализација на многу заеднички проекти.

 

За време на средбата беше поттикнато повторно отворање на ферибот линија Охрид – Свети Наум – Поградец, особено во летниот период, како и меѓусебно признавање стандарди, особено за земјоделски и сточарски производи.

 

„Ќе настојувам да дадам максимален придонес за продлабочување на соработката меѓу двете земји во сите сфери“, рече Џафери на заедничката прес-конференција по средбата.

 

Неговиот колега Ручи ја поздрави иницијативата на македонското Собрание за законот за јазиците и рече дека очекува негово поскоро усвојување и спроведување во институциите. Ручи истакнал дека се посветува посебно внимание на малцинствата што живеат во Албанија, а за тоа добар пример е македонското малцинство во Пустец, кое што утре ќе го посети и Џафери, каде што ќе има средба со претставници на македонската заедница.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи