Вонредни избори во Каталонија

Нецели два месеца по распуштањето на каталонската влада поради прогласувањето независност од Шпанија, Каталонија денеска ќе гласа за нов регионален парламент. Гласањето е организирано од страна на Мадрид откако централната влада на Каталонија прогласи еднострана независност на 1 октомври оваа година.

 

Над 2,6 илјади избирачки места беа отворени во 9 часот (по локално време) и ќе останат достапни за граѓаните до 20 часот, по што ќе започне пребројувањето на гласовите. Регистрирани се вкупно 5,5 милиони гласачи, од кои 225 илјади живеат во странство.

 

Во трка за регионална власт се три партии што се залагаат за независност, три партии што се спротивставуваат на идејата за независност и се залагаат за спроведување на членот 155 од Уставот на Шпанија, како и една партија што се дистанцира од двете опции.

 

 

Според шпанските медиуми, сите прогнози одат во насока на тоа дека ниту една партија нема да може сама да формира мнозинство и дека нема да има повеќе од 40 места во парламентот со 135 члена во кој за мнозинство се потребни 68 пратеници.

 

Овие избори се од историска важност за регионот бидејќи граѓаните треба да одлучат дали се за независност на Каталонија или не. Без разлика на исходот од изборите, идната каталонска влада ќе се соочи со големиот предизвик за враќање на стабилноста по годината исполнета со политички турбуленции, оценува „Стратфор“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien