Доживотен затвор за 15 воени лица вмешани во превратот

Петнаесет поранешни воени лица денеска се осудени на доживотен затвор поради обид да го заземат седиштето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул за време на обидот за државен удар во јули 2016 година.

 

Судот во Силиври, во близина на Истанбул, осуди 15 воени лица под обвинение за обид за смена на уставниот поредок преку употреба на сила.

 

Турските власти за организирањето државен удар го обвинуваат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Ѓулен ги отфрла таквите обвиненија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien