ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во Валандово ќе се одржи

Вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на вчерашна седница било дискутирано во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери, при што таа не добила поддршка од Извршниот комитет кој одлучил да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет.

 

„Извршниот комитет дискутираше и во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Рокот за поднесување на кандидатури за нов лидер на партијата истекува денеска во 15 часот. Засега е извесно дека трката за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја водат Христијан Мицкоски, кој веќе има собрано над 300 потписи за поддршка и Филип Петровски. Излегоа гласини дека и поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски исто така ќе влезе во трката за нов лидер.

 

Груевски во меѓувреме објави подолг Фејсбук статус во кој вели дека иако може, не се меша и нема да застане зад било која кандидатура. Сега топката е кај Централниот комитет кој одлуката за одржување вонреден конгрес може да ја отповика, ако за тоа гласаат две третини од членовите.

 

Инаку, Извршниот комитет на состанокот одлучил партијата да продолжи со активностите со кои ќе го привлекува вниманието и на меѓународната јавност за, како што стои во дописот, недемократското и репресевно однесување на власта и злоупотребата на институциите. Ваквите акти не водат кон нормализирање на политичката состојба во земјата и излез од актуелната криза велат во ВМРО- ДПМНЕ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien