Пожар во фитнес центар во Јужна Кореја, загинаа 28 лица

Во пожар што изби во подрум на осумкатница во јужнокорејскиот град Чечхон , а потоа ја зафати и цела зграда, настрадаа 28 лица. Локалната противпожарна служба објави дека 26 лица се повредени.

 

„Досега пронајдовме 28 мртви и 26 повредени, но спасувачката акција сѐ уште трае и можно е да најдеме уште жртви или повредени лица“, додал началникот.

 

Меѓу загинатите, најголем број се оние кои користеле сауна на вториот и третиот спрат, кои биле дел од фитнес центар, поради што им било потешко да побегнат.

 

 

Повикувајќи се на неименувани извори, Ројтерс пренесе дека пожарот избил во автомобил паркиран на првиот спрат, а потоа се проширил.

 

Чечхон се наоѓа југоисточно од јужнокорејската престолнина Сеул и е туристички посетуван град поради планините и езерата во неговата близина.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien