Турција забрани дочек на Нова година на истанбулскиот плоштад Таксим

Од безбедносни причини, турските власти забранија новогодишна прослава на истанбулскиот плоштад Таксим.

 

Полицискиот началник на истанбулската општина Бејоглу, Исмаил Килиќ изјави дека безбедносните мерки се зајакнати годинава по низата напади во Турција во изминативе две години.

 

„Мерките за Нова Година ќе бидат на највисоко ниво“, изјави Килиќ.

 

Во изминатите две години, во Турција се случија неколку смртоносни напади, вклучувајќи го и оној во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ каде што маскирано лице усмрти и повреди многумина.

 

Напаѓачот од Реина, Абдулгазир Машарипов, по апсењето признал дека требало да изврши напад на Таксим, но од лидерите на Исламската држава му било наредено да пронајде нова цел, бидејќи на плоштадот немало услови за акција. Осомничениот потоа тргнал со такси долж брегот на Босфор и го забележал ноќниот клуб на Реина.

 

Од 39-мината загинати во нападот на Реина, што се случи само 75 минути по дочекот на 2017 година, 27 беа странци, вклучително и граѓани од Либан, Саудиска Арабија, Израел, Ирак и Мароко. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien