Хјустон запрен на домашен терен, 51 поен на Харден

Извонреден меч се одигра ноќеска во Хјустон каде кошаркарите на ЛА Лејкерс извојуваа победа од 122-116 и ја прекинаа серијата од 15 победи на „ракетите“.

 

Кајл Кузма мечот го заврши со 38 поени, седум скока и четири асистенции, Кори Бруер беше стрелец на 21 поен, а Лонзо Бол впиша 16 поени и девет освоени топки под обрачите.

 

Во поразениот тим Џејмс Харден имаше маестрална партија, постигна 51 поен, речиси половина од својот тим, запиша и девет асистенции, но и тоа не беше доволно за триумф на лидерот на Западот. Ерик Гордон постигна 21 поен додека Тревор Ариза додаде 18 поени и 11 скока.

 

 

Останати резултати:

 

Шарлот Хорнетс – Торонто Репторс 111:129

Атланта Хокс – Индијана Пејсерс 95:105

Бостон Селтикс – Мајами Хит 89:90

Бруклин Нетс – Сакраменто Кингс 99:104

Чикаго Булс – Орландо Меџик 112:94

Оклахома Сити Тандер – Јута Џез 107:79

Далас Маверикс – Детроит Пистонс 110:93

Денвер Нагетс – Минесота Тимбервулвс 104:112

Портланд Трејл Блејзерс – Сан Антонио Спарс 91:93

Голден Стејт Вориорс – Мемфис Гризлис 97:84

Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 108:95

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.