„АДРА-МАКЕДОНИЈА“ донираше новогодишни пакетчиња за сите ученици од ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани

Втора година по ред хуманитарната организациja „АДРА-МАКЕДОНИЈА“ под мотото„Од деца за деца“ на ден 19.12.2017, за празникот Свети Никола заштитник на децата, донираше 191 традиционално новогодишно пакетче за сите учениците при ООУ „Круме Волнароски“ од н.м. Тополчани.

 

Освен за учениците од централното училиште пакетиња им беа поделени и на учениците од 8-те подрачни училишта на ООУ Круме Волнароски во населените места Чепигово, Клепач, Загорани, Алинци, Галичани, Беровци, Ново Лагово и Старо Лагово.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи