ФИФА: Македонија со најголем скок на ранг-листата во светот!

Facebook
Twitter
Email
Print

Фудбалската репрезентација на Македонија ја завршува 2017 година на 76 место на ФИФА ранг листата. „Црвено-жолтите“ притоа се нотирани како национален тим со најголем напредок во изминатите 12 месеци по падот на 162 позиција лани во декември што значи скок за 86 скалила, што не му успеал на ниту еден друг национален тим, од вкупно 208 кои се на листата.

 

Избраниците на Игор Ангеловски добија пет од вкупно деветте меча што ги одиграа во 2017 година. Во мундијалските квалификациите беа совладани Лихтенштајн (0:3 и 4:0) и Израел во Хаифа со 1:0 како и Белорусија (3:0) и Норвешка (2:0) во пријателски средби на домашен терен. Покрај нив одиграа и три меча без победник против Италија (1:1), против Албанија (1:1) и против Турција (0:0), притоа забележаа само еден пораз и тоа од Шпанија.

 

Македонија има вкупно 446 поени, што е за дури 308 поени повеќе од лани ова време. Со повеќе собрани рејтинг поени од Македонија се само Данска (456), Шведска (323) и Болиција (315 поени повеќе од лани).

 

Во топ 10 без никакви промени. Лидер е Германија (1.602 бода) пред Бразил (1.483) и Португалија (1.358). По нив следуваат Аргентина (1.348), Белгија (1.325), Шпанија (1.231), Полска (1.209), Швајцарија (1.190), Франција (1.183) и Чиле (1.162).

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи