Експлозија пред Апелацискиот суд во Атина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Силна експлозија утринава го оштети судскиот комплекс во центарот на Атина, неколку часа откако Парламентот усвои поостри мерки против демонстрантите, соопшти полицијата, додавајќи дека нема жртви.

 

Експлозијата се случила пред зори, по анонимна телефонска дојава во еден грчки дневен весник и портал.Полицијата соопшти дека припадници на обезбедувањето забележале двајца мажи, за кои постои сомнение дека се напаѓачи, како оставаат торба пред зградата на Парламентот.

 

Како што се наведува во соопштението, ваквите напади се чести и имаат „симболичко значење“. Новите мерки усвоени од Парламентот, предвидуваат минимални казни затвор од три до шест месеци за активистите кои редовно се собираат пред судовите, протестирајќи против заплената на недвижности кои се под хипотека.

 

Помалку од половина од Грците можат да ги исплатат кредитите после рецесијата и финансиската криза, што е најголема стапка во Европа. За сега, ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

 

Извор: МЕТА

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи