Констатирани оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната седница ги констатираше оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски како и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски, кој даде оставка на функцијата и најави дека ќе се врати во пратеничките клупи.

 

Во моментов, во собранието трае паузата, по што ДИК се очекува да го извести собранието за тоа на кој кандидат од пратеничката листа ќе му се верифицира мандатот за наследник на Пендаровски, кој заминува на функцијата национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, и за наследникот на Ковачевски, кој ја доби директорската позиција на РЕК Битола.

 

Денеска на пленарна седница се очекува и дебата за предлог-буџетот за 2018 година. На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien