,,Кралот Џејмс” ги порази Булси, Дероузен со рекордни 45 поени ја „реши“ Филаделфија

Кливленд Кавалирс забележа победа против Чикаго од 115:112 а со тоа и ја прекина серијата од 7 победи во низа на Булси.

 

Леброн Џејмс со 34 поени, 6 скокови и 9 асистенции очекувано беше предводник на тимот и ја превзема одговорноста во свои раце во последните моменти кога се решаваше победникот. Одлична вечер имаше и Кевин Лав, кој забележа 27 поени и 7 скокови. Во редовите на Чикаго, најдобар стрелец беше Лаури Марканен со 25 поени.

 

 

Демар Дероузен со рекордни 45 поени во својата кариера го предводеше Торонто до победа од 109-114 на гостувањето кај Филаделфија. Домаќините на средината од третата четвртина имаа предност од 22 поени, но „Рапторси“ со огромен кам-бек стигнаа до триумф.

 

Резервниот кошаркар на Њујорк Никс, Мајкл Бизли се покажа како нерешлива енигма во натпреварот против тимот на Бостон Селтикс. Тој за само 24 минути на паркетот успеа да уфрли  со 32 поени и 12 скокови и да му донесе победа на тимот од 102:93. Кај Селтикси најдобар беше Кајри Ирвинг кој даде 32 поени.

 

 

НБА резултати:

 

Кливленд – Чикаго 115:112
Филаделфија – Торонто 109:114
Њујорк – Бостон 102:93
Феникс – Мемфис 97:95
Јута – Сан Антонио 100:89

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien