Крим се спои со Русија преку најголемиот мост во Европа долг 19 км.

Се споија контрукциите од Кримскиот мост преку Керчкиот мореуз кој сега Крим ќе го поврзува со Русија. Патот сега целосно ги поврзува двата брега, кримскиот и таманскиот.

Металната конструкција била тешка над сто илјади тони и е со должина од 17 километри, плус 2 километра ќе поминуваат по должината на насипот од страната на Керч.

Отворањето на мостот преку Керчкиот Залив се планира за декември 2018 година за патен сообраќај, а за железнички од 2019. Се проценува дека секојдневно преку мостот ќе поминуваат по околу 40.000 возила.

Кримскот мост, долг 19 километри, ќе биде најдолгиот мост во Русија, но и во цела Европа. Ќе биде подолг и од досега најдолгиот – мостот „Васко де Гама“ (17,2 километри) во Португалија.

 

Русија ќе формира морнаричка бригада заради заштита на мостот кој ќе го спојува Крим со Краснодарската област. Прашањето на заштита на најдолгиот мост во Русија стана особено актуелно по обидот на украинските националисти да извршат диверзија, а исто така и поради терористички и екстремистички закани.

Новата специјална единица ќе биде во составот на „Росгвардија“, која веќе обезбедува 74 важни државни објекти.

Во руските медиуми се појавија информации дека „Росгвардија“ планира да формира одред на воени нуркачи, чија задача ќе биде и одбивање диверзантски напади и потрага по експлозивни направи. Нуркачите од „Росгвардија“ ќе бидат вооружени со специјално стрелачко оружје – автоматски пушки со минофрлачи, брзи противдиверзиски катери и уреди за набљудување, кои се во состојба да извршуваат мониторинг на морските длабочини.

 

На заштитата на мостот ќе работат и автономни подводни уреди, хидроакустични системи, како и уреди за надзор кои деноноќно ќе ја следат ситуацијата околу мостот.

Се очекува државата да обезбеди и противвоздушна одбрана на мостот и тоа со ракетни системи „Бук“ и „Тор“, а исто така ќе бидат инсталирани и неколку радарски станици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien